Фондот за иновации и технолошки развој, во склоп на предвидените активности во рамките на наведениот проект објавува – Јавен повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друштва „Старт-ап„ и „Спин-оф“ во југозападниот регион на РСМ како дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка

Проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“ претставува проект за воспоставување иновациска инфраструктура за трансфер на „know-how“ технологии помеѓу старт-ап компании и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија кој го спроведуваат ФИТР, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), EuroPartners Development и National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI). Проектот е финансиран од Европската комисија, застапувана од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, преку прекуграничната програма за Република Северна Македонија – Република Албанија според инструментот за претпристапна помош (ИПА II), алокации за 2014-2020.

Линк за информации

http://www.fitr.mk/innov8/#toggle-id-7