Во Македонија многу често се зборува за климатски промени, енергетска ефикасност но многу ретко се зборува за тоа какви сертификати се битни кога инсталирате соларен систем. За таа цел Проектот “Енергетско ефикасни практити како решение за климатските промени” има за цел да придонесе за намалување на влијанието на климатските промени преку примена на обновливи извори на енергија. Ова би се постигнало само преку едуцирано и силно граѓанско население. Зајакнувањето на капацитетите ќе резултира со зголемување на јавната свест за инвестиција во сертифицирана опрема според европска регулатива. Партнери на Македонската Соларна Асоцијација во овој проект се Агро Лидер и Избор од Струмица.
Проектот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со “Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.