1. Во моментот се подготвува предлог апликацијата за продолжување на грантот на УСАИД за развој на деловниот екосистем за таа цел ни требаат сите ваши предлози и активности. За таа цел прочитајте го документот GRANT EXTENSION TEMPLATE (Краен Рок за сугестии 08.07.2019)

2.Во моментот се подготвува апликација за финансиска поддршка на кластерите (меѓу кој е и Солар Македонија) за таа цел ни требаат ваши предлози и активности. Прочитајте го повикот од Министерство за Економија. ( Краен рок за поднесување на апликација 31.07.2019)

3.Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем (БЕП) постојано се залага да ја прошири соработката помеѓу владините институции и приватниот сектор, преку вас – организациите за поддршка на бизнисите.
Во таа насока, ве каниме на работна средба со претставници од Министерство за економија каде што ќе имате можност да дадете ваши сугестии за подобрување на мерките 2020 кои спаѓаат во Секторот за индустриска политика и Секторот за МСП.
Воедно, истакнуваме дека на оваа работна средба ве очекуваме вас заедно со најмалку плус еден учесник од приватен сектор – членка во вашата организација. Ве молиме за да имаме издржана и аргументирана дискусија, да се подготвите согласно следниве насоки:
Колку сте вие како организација и вашите членки запознаени со мерките на Министерството за економија
Дали сте користеле мерки и какво е вашето искуство (ве молиме да обезбедите конкретни примери – добри и лоши – од вашето членство)
Предложете препораки за подобрување на мерките
Предложете нови мерки кои недостасуваат во вашиот сектор
Работилницата ќе се одржи на 19.07.2019 во Хотел ТЦЦ Гранд плаза, од 12:00-15:00 часот. Пријавување најдоцна до 15.07.2019