Nikola Bitrak- CEO of Colenco Ltd. Skopje

Nikola Bitrak- CEO of Colenco Ltd. Skopje

Како извршен директор на COLENCO во Скопје и Софија, и повеќегодишен директор за Македонија и Југоисточна Европа на гупацијата AF, Никола Битрак има клучна улога во организацијата на енергетските пазари со широко искуство во лидерство, развој, инженерство, управување со проекти и развојни активности во целиот регион на Југоисточна Европа и Заедница на независни држави (ЗНД), како и во Африка и Азија.

Неговото 20 годишно искуство опфаќа проектен менаџмент, лидерство и координација со фокус на енергетски и инфраструктурни проекти кои ја опфаќаат целата инфраструктура за пренос и дистрибуција, обновливи извори на енергија, енергетска транзиција, вклучително и декарбонизација на технологиите за топлинска енергија кон обновливи извори, хидроенергија, како и енергија од гасни постројки и термоцентрали, проектирање и развој на нивните инфраструктури покрај другото и за гас и водород.

Неговата експертиза е изразена и во делот на развој на стратешки проекти согласно правилата и процедурите на Mеѓународните Финансиски Институции како што се ЕБОР, Светска банка, Банкарската Група KfW и ЕИБ, како и други поврзани финансиски фондови кои функционираат во согласност со правилата и процедурите на Меѓународни Финансиски Институции и комерцијални банки.

Резимето на Никола Битрак вклучува успешно управување на значајни проекти со повеќе од 2 GW во областа на обновливи извори и над 6 GW останато производство на енергија, вклучувајќи развој на инфраструктура за пренос и дистрибуција, и студии со повеќе од 3000 km високонапонски далекуводи, од кои 1400 km интерконекциски водови, кои вклучуваат високонапонски трафостаници, нивна реконструкција, како и батериски системи за складирање енергија, пумпно- акумулациони хидроцентрали и најсовремени технологии за стабилност и безбедност на електроенергетскиот систем.

Со сето ова тој зазема клучна лидерска фукнција во многу важните процеси на енергетска транзиција и развој на енргетиката во целост, процесите на декарбонизација во Македонија и во поширокиот регион.