Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ е основана со цел да го поддржи развојот на МСП следејќи ги насоките дадени во Програмата на Владата, но и други за развој на овој сектор. За да ја исполни својата мисија, АППРСМ гради одржлив заокружен систем за поддршка на МСП согласно нивните потреби и во секоја фаза од нивниот развој. Составен дел на тој систем е и „Ваучерски систем на субвенционирано советување“, кој обезбедува поддршка на потенцијални и постоечки претпријатија, поддржува обезбедување на консултантски услуги и развојот на деловната активност во вид на ваучери.„Стандардизираните менторски услуги“ се исто така дел од овој систем и претставуваат бесплатна програма за поддршка на МСП низ стандардизиран процес на скрининг на работењето и утврдување на клучните сегменти каде е потребна поддршка, преточени во акциски план за надминување на истите.