Македонската Соларна Асоцијација е стратешки партнер на Солар Плаза и беше дел од Solar Plaza Summit во Софија на 30.11.2023.
За време на настанот беа отворени теми кои се актуелни во соларниот сектор. Се зборуваше за погодноста на Балканот за искористување на сончевата енергија, каде има 2 GW инсталиран PV капацитет и пазарен потенцијал од над 30 GW. Дел од останатите теми за кои се зборуваше беше и мотивираноста на инвеститорите да го искористат потенцијалот на пазарот поттикнати од растечката побарувачка, перспективата за членство во ЕУ и намалувањето на трошоците за фотоволтаичните централи. Бизнисите, исто така, се повеќе се свртуваат кон C&I соларната енергија, олеснета од новата рамка на PPA. Се зборуваше и за резиденцијалните производители, кои исто така, се повеќе инсталираат системи за да постигнат енергетска автономија како и за предизвикувачката регулаторна рамка, долгите процеси на издавање дозволи и несоодветната мрежна инфраструктура кои претставуваат предизвикувачки комплексности.
Покрај сето ова, се договорија и соработки со останатите асоцијации и компании кои беа дел од самитот.