За платформата

Има низа на чинители кои работат во овие области. Со цел вмрежување на овие чинители, зголемување на информираноста во врска со стандардите, новите технологии, финансиските можности како и тековните настани, креирана е Платформата за енергетска ефикасност. Платформата е резултат на проектна активност. Македонската соларна асоцијација го спроведува проектот „Подигање на европските стандарди кај ММСП кои работат со соларна технологија“ (Increasing the European standards in MSMEs that work with solar technology). Истиот се спроведува со грантова поддршка на УСАИД проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Консалтинг за стратешки развој. Платформата ги промовира обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност и претставува релевантен извор на информации со цел да помогне во унапредувањето на овие сектори.

Платформата нуди:

  • Листа и мапа на компании, индивидуалци и монтажери кои работат во областа на сончевата енергија и енергетската ефикасност. На овој начин се добива слика за тоа кој се работи во секторот, кои услуги ги нуди и во кој регион. Со тоа се олеснува поврзувањето помеѓу давателите и корисниците на услугите.
  • Информации за повици и грантови, можности за финансирање;
  • Претстојни настани, обуки, работилници поврзани со сончевиот сектор и енергетската ефикасност;
  • Oгласи за вработување – копаниите можат овде да ги објават своите повици за вработување, а оние кои бараат работа во секторот на обнолвиви избори на енергија и енергетска ефикасност да најдат соодветен оглас и компанија.
  • Информации за важни стандарди при инсталирање на сончеви системи како и стандарди и сертификати за сончевата опрема;
  • Информации за нови технологии, актуелни содржини и новости;
  • Место за пријавување на успешни приказни;
  • Едукативни ресурси и калкулатори;

Само со зголемена информираност, квалитетно работење, следење на новитетите, соработка, заедничка посветеност и вклученост на сите чинители во овие области можеме да изградиме зелена иднина за сите генерации.