Солар Македонија

Македонска асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“ е стручно, научно, образовно и невладино здружение чиj фокус е зајакнување на соработката помеѓу македонските компании во секторот за сончева енергија (производители, изведувачи, увозници, трговци), како и поврзување на експерти и научници од сите научни гранки за промоција на обновливите извори на енергија. Асоцијацијата брои над 100 членови и активно работи на секое ниво во синџирот на добавување, од производство до сервис и одржување на сончевите енергетски системи, како и на промоција на сончевата енергија како одржливо решение за енергетските потреби.  

Со цел постигнување на максимална употреба на сончевата енергија во земјата, Солар Македонија активно работи во полето на подигање на квалитетот на работа во компаниите, како и на добри пазарни услови за компаниите во соларниот сектор. Членовите на Солар Македонија се дел од овој сектор подолг временски период и детално ги знаат сегашните и минатите проблеми со кои се соочувале во текот на својата работа. Со помош на нивното искуство и експертиза, Солар организира соларени саеми, верифицирани обуки, соларни конференции, врши директни посети,  како и лобирање со цел решавање на секторските проблеми за овозможување на долгорочен раст на компаниите за сончева енергија.