Набавка и обука на TRNSYS за проектанти на термални, фотоволтаични и фото/термални системи

Македонската соларна асоцијација „Солар Македонија“ по низа обуки за инсталирање соларни системи и димензионирање на соларни системи, објавува повик за Набавка и Обука на TRNSYS софтвер и обука за проектанти на термални, фотоволтаични и фото/термални соларни системи.

По успешната набавка во 2020 на ПВ-СОЛ ПРЕМИУМ ( димензионирање на фотоволтаични системи), Т-СОЛ (димензионирање на термални системи) И ГЕО*Т СОЛ (димензионирање на топлински пумпи) ја надоградуваме нашата визија во унапредување на квалитетот во делот на димензионирање и оптимирање на соларни системи преку Софтверот TRNSYS кои има широк опсег на корисници ширум светот што опфаќа од истражувачи до консултанти, од инженери до експерти за симулација на градежни објекти и од студенти до архитекти. Овој софтвер овозможува проектирање на сите видови соларни системи – термални, фотоволтаични, комбинирани соларни системи и топлински пумпи. На овој начин корисниците можат да ги нудат сите три услуги одеднаш.

Комерцијалната цена на софтверот е 6000 долари, но Македонската Соларна Асоцијација успеа да ја добие едукативната цена и плус да биде субвенционирана таа сума од дополнителни 60%.
Изработен е и прирачник за употреба на софтверот, на македонски јазик. Прирачникот ќе им помогне на корисниците да го научат и ефективно да го користат софтверот за нивните специфични потреби.

Жените кандидати ќе имаат дополнителни поволности.

Рокот за аплицирање е до 15.03.2024
Пријавувањето и повеќе информации за можностите на софтверот ги има на следниот линк.

Набавката и обуката за TRNSYS софтверот е активност предвидена во рамките на проектот на Македонската соларна асоцијација „Подобрување на вештините за сончева енергија“. Истиот се спроведува со грантова поддршка на УСАИД проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.

Документи / Галерија