Обука за европски и домашни фондови

Скопје

Европските и домашните фондови претставуваат клучен инструмент за финансирање и придонесуваат кон подобрување на енергетскиот сектор. Овие фондови нудат можност за развој, иновации и финансиска поддршка.

Македонската соларна асоцијација „Солар Македонија“ организира Oбука за европски и домашни фондови на која учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со неколку домашни и европски финансиски инструменти, да научат како правилно се аплицира на овие повици и да се консултираат во процесот на аплицирање на некој од моменталните активни повици. Предавањата и консултациите ќе бидат одржани од врвни експерти:

 проф. д-р Анка Трајковска Петкоска –  Предавач, ментор и обучувач на повеќе академски институции во земјата и надвор. Досега таа била учесник и локален координатор на повеќе проекти од програмите на ТЕМПУС, EU FP7, Horizon 2020, CEEPUS и COST Actions. Таа е и евалуатор и рецензент на ЕУ проектите како H2020-BBI JU и CBE JU 2022, понатаму на Фондот за иновации и технолошки развој (Р. С. Македонија), FONDECYT (Чиле), BNSF (Бугарија), Edison Awards (САД), NCSTE (Казахстан); рецензент на повеќе врвни научни списанија на Elsevier, Springer, Wiley, Taylor&Francis, MDPI и Hindawi, како и уредник на Frontiers журнали.

– Олимпија Христова Заевска – основач на Елсон Солушнс и експерт за зелени финансии, енергетска транзиција, меѓународен бизнис и инвестиции. Предава меѓународен бизнис и напредни методи на истражување на Бизнис школата во Копенхаген.  Претходно, како советник за меѓународна економија на премиерот и министер за финансии на Република Северна Македонија, Олимпија беше одговорна за структурирање и преговарање на развојни финансии и заеми и работеше на привлекување и поддршка на странски и домашни инвеститори.

Обуката ќе биде реализирана во март и април, 2024 год.

Рокот за пријавување за обуката е до 28.02.2024 год. 

Повеќе информации како и форма за пријавување за обуката се достапни на следниот линк.

Обуката за европски и домашни фондови е активност предвидена во рамките на проектот на Македонската соларна асоцијација „Подигање на европските стандарди кај ММСП кои работат со соларна технологија“. Истиот се спроведува со грантова поддршка на УСАИД проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.

Документи / Галерија

Локација