Годишната соларна конференција е место кое ги поврзува домашните, како и странските производители, трговци, монтажери и експерти од соларниот сектор со цел да ги споделат своите најефикасни решенија, искуства, стратегии и иновативни трендови. Со над 160 присутни и повеќе од 20 домашни и странски експерти, Македонската соларна асоцијација на 14.12.2023 успешно ја реалзираше Годишна соларна конференција.
Енергетската криза која беше резултат на пандемијата КОВИД 19 имаше значително влијание врз соларната индустрија. Во рамките на конференцијата, домашни и меѓународни експерти споделија искуства поврзани со соларната технологија, а присуствуваа и владини претставници кои отворија дискусија за споделување/решавање на проблеми во соларниот сектор. Со зголемените инвестиции во обновливите извори на енергија се отвара широк спектар за работа на сите активни чинители од ова поле. За таа цел во рамките на самата конференција имаше компании членки кои ги претставија своите услуги и производи со цел монтажерите/проектантите/трговците да ги увидат најновите трендови,
Како главни заклучоци од самиот настан издвојуваме:
1.Во последните неколку години, Северна Македонија изгради над 500 MW фотоволтаични централи што придонесува за подобрување на состојбата во однос на производството на електрична енергија. Количината на електрична енергија произведена од фотоволтаичните централи ја намалува и емисијата на стакленички гасови, што е позитивно за Република Северна Македонија.
2.Иако беа постигнати високи резултати во изградбата на овие централи, на полето на вкупниот потенцијал на сончевата енергија, особено сончевата топлинска енергија, која е од исклучително големо значење за Република Северна Македонија, резултатите се далеку под потребното ниво.
3.По примерот на Република Грција како земја која воведе успешни стимулации и обврзувачки владини мерки кои придонесуваат за голема употреба на соларни термални системи, Солар Македонија ќе работи на поднесување на предлог мерки до Министерството за економија
4.Северна Македонија треба да започне со подготовка на физибилити студии, кои би можеле да се финансираат преку грантови од ЕБРД
5.Најновиите софтверски решенија за проектирање на соларни системи (TRNSYS, BIM) како и за термални колектори со ознаки solar key mark треба да бидат вклучени во мерките за стимулации и субвенции како начин за подобрување на инсталирањето и користењето на соларните термални системи.
Македонската соларна асоцијација упатува голема благодарност до сите кои зедоа активно учество и придонесоа овој настан да биде реализиран секоја година во се поголем обем, да се слушнат најновите практики и технологии како и да се воспостават партерства помеѓу самите членки. Солар Македонија продолжува да биде препознатлив, доверлив, исполнителен, долгорочен партнер на компаниите од соларниот сектор.
Конференцијата се реализираше со поддршка на Консалтингот за стратешки развој во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, финансиран од УСАИД. Ги поздравуваме и нашите спонзори: Siemens, Ecotip, Solar Steelconstruction, Huasun Energy како и компаниите кои имаа комерцијални презентации TAB MAK, Battery Evolution, Eco Solar и Eurotem.