Типови на материјали според јаглероден отпечаток
Автори: Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска, Проф. д-р Илија Насов
Целиот текст можете да го прочитате во прикачениот документ.
Вовед
Материјалите се класифицираат на различни начини, но еден начин кој е важен од еколошки аспект е во поглед на ,,вклучен/вграден јаглерод,, во самите материјали. Според тоа, материјалите се поделени на материјали со:
а) низок јаглерод,
б) јаглеродно-неутрални, и
в) материјали кои сторираат јаглерод.
Инаку, постојат 2 типа на јаглеродни емисии. Едниот тип е вграден (emboidied) а другиот е оперативен (operational) – слика 1.
Вградениот јаглерод во материјалите е всушност целиот јаглерод кој се ослободува како емисии во вид на стакленички гасови – тоа претставува јаглероден отпечаток на материјалот. Тоа се милиони тони на јаглеродни емисии ослободени во текот на животниот циклус на градбените материјали вклучувајчи екстракција, производство, транспорт, конструкција и одлагање.
Оперативниот јаглерод е онаа количество на јаглерод кое се ослободува за време на експлоатација и одржување на градбата (пример, греење, ладење, осветлување и др. употреби на енергенси за нејзино функционирање).
Извор: https://carbonleadershipforum.org/embodied-carbon-101/
Слика 1. Вграден наспроти оперативен јаглерод во материјалите наменети за градежниот сектор.
Повеќето емисии се случуваат за време на конструкцијата на градбите, дури до 11% од глобалните стакленички гасови (слика 2). Ова е доволен знак за градбениот сектор, производителите, архитектите и оние кои ги естаблираат законите и политиките за градба да превземат правилни чекори за новите градби, но и за реновирање на постоечките со цел да бидат во пресрет на глобалните трендови за климатски неутрален свет. Редуцираниот јаглерод во вградените материјали е витален знак за декарбонизација на градбениот сектор и е битно за нивно препознавање во светски рамки во градежниот сектор и другите сродни области.
Слика 2. Процент на вграден јаглерод по одделни фази од проценката за животниот циклус на градбените материјали.
Целиот текст можете да го прочитате во прикачениот документ.
Автор: Проф. д-р. Илија Насов
Автор: Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска