Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска – научник на годината за академската 2022/23 на УКЛО

Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска – научник на годината за академската 2022/23 на УКЛО

По повод Меѓународниот ден на науката, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го препозна трудот и им даде признание на најдобрите научници во академската 2022/23 год во неколку категории.

За најдобар научник на УКЛО беше избрана проф. д-р Анка Трајковска Петкоска која е драг член на Македонската соларна асоцијација и наш долгогодишен соработник. Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска е професор на Технолошко – техничкиот факултет во Велес, а покрај признанието за најдобар научник, таа го доби и признанието за втор најплоден научник во академската 2022/23 год.

Драго ни е што сме сведоци дека сепак се цени и препознава вистинскиот труд и квалитет. Проф. д-р Анка е пример дека несебично вложениот труд, длабоката посветеност кон науката како и иновативноста сами за себе зборуваат и се препознаваат како во нашата држава, така и многу пошироко од границите на нашата држава. Нејзиното богато искуство и знаење, проф. д-р Анка Трајковска Петкоска несебично и со големо задоволство го споделува, а меѓудругото е и инспирација и рол модел како за нејзините студенти, така и за голем број чинители во научниот сектор.

Интервјуто со проф. д-р Анка Трајковска Петкоска спороведено од fakulteti.mk можете да го прочитате на следниот линк.



Солар Македонија

Види ги сите активности од Солар Македонија

Македонската Соларна Асоцијација

Поврзани написи