Постапка за инвестирање во фотонапонски електроцентрали над 40 kW, од кои целата електрична енергија е наменета за продажба на слободниот пазар
Текстот е напишан од м-р Драган Блажев
Oбјаснување на разликите во постапката на инвестирање во кровни фотонапонски електроцентрали и централи на земја.
Производител на електрична енергија е правно лице кое:
- произведува електрична енергија од обновливи извори на енергија и ја продава, но може да ја користи и за сопствени потреби
- задолжително има лиценца за производство на електрична енергија
- нема ограничување на инсталираната моќност
Процедура за приклучок на електродистрибутивна мрежа на производител на електрична енергија за инсталација на кров од објект
- Барање за одобрение за изведба на фотонапонска електроцентрала на кров од објект
- Документ за регистрирана дејност од Централен регистар за правно лице
- Имотен лист и договор за закуп или писмена согласност од сопственици на објект (во случај да фотонапонската електроцентрала се инсталира на објектот кој не го поседува инвеститорот)
- Проект за фотонапонската електроцентрала (архитектура, статика и електрика) со ревизија
- Согласност од мнозинство сопственици на станови (доколку фотонапонската електроцентрала се инсталира на кров од колективна станбена зграда)
2.Приклучок на фотонапонската електроцентрала на електродистрибутивна мрежа
Потребни документ за приклуок:
- Барање за приклуок (БСП-2 форма)
- Доказ за сопственост на објектот каде се инсталира фотонапонската електроцентрала на кров од објект
- Проект за фотонапонската електроцентрала (архитектура, статика и електрика) со ревизија
- Одобрение за изведба на фотонапонска електроцентрала на кров од објект издадено од општината
Потребни документи за пуштање во работа на фотонапонската електроцентрала:
- Барање за пуштање во работа (БСН форма)
- Потврда за правилна внатрешна инсталација на објектот
3. Пуштање во работа на фотонапонска електроцентрала
- Изјава од изведувачот на фотонапонската електроцентрала заверена на нотар и поднесена до Општината и Агенцијата за енергетика со која се потврдува дека:
- фотонапонската електроцентрала е инсталирана согласно дадени информации
- фотонапонската електроцентрала е поврзана на електродистрибутивната мрежа
- фотонапонската електроцентрала е спремна за пуштање во работа
4. Издавање на лиценца за производител на електрична енергија
- Барање за издавање лиценца за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија, со прилози
5. Потпишување на договор за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија (либерализиран пазар)
За производители на електрична енергија, решението за електроенергетската согласност се издава во рок до 40 дена.
Трошоци за приклучок:
- Административни трошоци – доколку вкупната моќност дадена со решението за електроенергетска согласност не ја надминува вкупната моќност на фотонапонската електроцентрала дефинирана во долната табела (Двонасочното броило се инсталира без надоместок и останува во сопственост на ЕВН)
- Учество во реални трошоци за приклучок (во сите останати случаи)
- Реалните трошоци за приклучок на фотонапонска електроцентрала на електродистрибутивната мрежа се различни. Најчесто, овие трошоци зависат од следните услови:
- Конфигурација на постојната дистрибутивна и преносна мрежа
- Конфигурација на идна мрежа базирана на распоредот на извори и потрошувачи
- Можно техничко решение кое вклучува или не резервен приклучок
- Напонски прилики и профил на оптоварување на мрежа
Учесници во постапката:
- Инвеститор (правно лице – производител на електрична енергија)
- Лиценциран проектант и лиценциран изведувач на фотонапонската електроцентрала
- Општина на чија територија се изведува инвестицијата во нова фотонапонска електроцентрала
- ЕВН Електродистрибуција
- Регулаторна комисија за енергетика и водни ресурси
- Лиценциран снабдувач на отворен пазар
Разлики меѓу просумер (потрошувач-производител на електрична енергија) и производител на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали инсталирани на кров на објект
* Само правни лица можат да бидат производители.
** Мал потрошувач е субјект чиј просечен број на вработени во последните две пресметковни години е помалку од 50 вработени и има вкупен годишен приход помал од два милиони евра во денарска противвредност. Исто така, буџетски корисник и единка јавен корисник се квалификувани да бидат просумери.
*** Ped – едновремена моќност (kW).
**** Трошоци за мрежа не се фактурираат за испорачаната електрична енергија во мрежа.
Постапка за изградба на фотонапонски електроцентрали поставени на земја
- Прва фаза
Подготвителни работи – Изработка на предфизибилити студија (студија за исплатливост) која вклучува анализа за местоположбата и цената на чинење на приклучокот кон дистрибутивната мрежа.
Решавање на имотно-правни односи
Земјиште во државна сопственост – Кога земјиштето е во државна сопственост, инвеститорот може да склучи договор за долготраен закуп или користење, или пак да склучи договор за купопродажба.
Земјиште во приватна сопственост – Кога земјиштето е во приватна сопственост, инвеститорот и сопственикот на земјиштето меѓусебно ќе се договорат за начинот на користење на земјиштето, имено може да склучат договор за долготраен закуп или договор за купопродажба.
Согласност за приклучок на дистрибутивниот систем
Барањето за приклучок се поднесува во почетната фаза на намерата за изградба на објектот. Барањето за приклучок се поднесува до операторот на дистрибутивната мрежа.
Во зависност од местоположбата, оддалеченоста на местото на приклучување и максималната едновремена моќност на објектот на потрошувачот постои стандарден и нестандарден приклучок.
А. Стандарден приклучок е нисконапонски приклучок чија максималната едновремена моќност на приклучокот е помала или еднаква на 40 kW, при што:
- објектот кој се приклучува се наоѓа на подрачје кое е опфатено со деталенурбанистички план (ДУП), или
- објектот не се наоѓа на подрачје кое е опфатено со ДУП, но оддалеченоста на објектот на корисникот до местото на приклучување на дистрибутивниот систем каде е технички можно да се изврши приклучување е помала или еднаква на 30 метри.
Б. Нeстандарден приклучок е секој среднонапонски приклучок, како и нисконапонски приклучок чија максималната едновремена моќност на приклучокот е:
- поголема од 40 kW и мерењето е преку мерни трансформатори, или
- помала или еднаква на 40 kW, при што објектот не се наоѓа на подрачје кое е опфатено со ДУП, но оддалеченоста на објектот на корисникот до местото на приклучување на дистрибутивниот систем каде технички е можно да се изврши приклучување е поголема од 30 метри.
По изведбата на приклучокот ЕВН Македонија врши интерен технички прием на приклучокот и прибавува одобрение за употреба на објектот од надлежните државни органи.
Изготвување на студии или елаборат за влијание врз животната средина
Потребно е позитивно мислење за студија за оценка на влијанието на животната средина за да се добие Решение за согласност за спроведување на проектот врз основа на студија или позитивно мислење за елаборат за заштита на животната средина за добивање на Решение за одобрување на елаборатот.
Инвеститорот треба да достави барање за одобрување на елаборатот до надлежниот орган за одобрување на спроведувањето на проектот.
Орган надлежен за одобрување на елаборатот е Управата за животна средина орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на општината, градоначалникот на општината во градот Скопје или градоначалникот на градот Скопје.
2.Втора фаза
Одобрение за градба
За добивање на одобрение за градење инвеститорот поднесува писмено барање до градоначалникот на општината односно градоначалниците на општините во градот Скопје. За изградба на фотонапонска електорцентрала инвеститорот треба да добие одобрение за градење за градби од втора категорија.
Барањето треба да ја содржи следнава документација:
- извод од детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место или урбанистички план за село или државна односно локална урбанистичка планска документација
- архитектонско-урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или државната односно локалната урбанистичка план документација е предвидена изработка на овој проект
- основен проект во три примероци со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проек доколку истиот е изработен во странство- доказ за право на градење
- геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
3.Трета фаза
Времена лиценца
Инвеститорот може да побара да му се издаде лиценца и пред добивање на одобрение за употреба на енергетскиот објект, или пред добивање на извештај за извршен технички преглед од надзорниот инженер за објектите за кои не е потребно издавање на одобрение за употреба, или пред добивање на решение за ставање во употреба на енергетскиот објект.
Инвеститорот поднесува барање за издавање на времена лиценца до Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија. Кон барањето треба да се приложи следнава документација:
- изјава од производителите на главната опрема за вршење на соодветната енергетска дејност заверена од нотар со која се потврдува дека главната опрема е монтирана во согласност со упатствата на производителите и соодветните технички прописи и стандарди за таков вид на опрема;
- изјава од инвеститорот заверена од нотар со која се потврдува дека опремата инсталирана во енергетскиот објект може да почне со испитување;
- изјава од инвеститорот заверена на нотар со која се потврдува дека за време на важноста на времената лиценца инвеститорот е целосно одговорен за сите евентуални проблеми кои можат да настанат кон операторите на соодветните енергетски системи и/или кон трети лица приклучени кон истите енергетски системи за време на испитувањето на енергетскиот објект за кој се издава времена лиценца; и
- договори со операторите на соодветните енергетски систем за времено приклучување на енергетскиот објект, како и за начинот на приклучок и работа за времетраење на времената лиценца.
Одобрение за употреба на градба
Одобрението за употреба го издава градоначалникот на општината на чија територија се наоѓа градбата. Кон барањето за одобрение за градба инвеститорот поднесува:
- основен проект , а доколку се извршени измени во текот на изградбата проект на изведена сосотојба;
- завршен извештај на надозорен инженер со кој е потврдено дека градбата е изградена согласно основниот проект и одобрението за градење и
- извадок од јавната книга за запишување на правата на недвижностите за последната состојба на запишаните права на градбата (имотен лист), заради утврдување на правниот однос во врска со градбата меѓу инвеститорот и сопственикот на земјиштето.
Лиценца за вршење на енергетска дејност
Постапката за издавање на лиценца отпочнува пред Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија со денот на приемот на барањето за издавање лиценца. Кон барањето треба да се приложи следнава документација.
4.Четврта фаза
Решение за упис во Регистарот на електроцентрали кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија
Решението за упис во Регистарот на електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија за производство на електрична енергија, го издава Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија.
5. Петта фаза
Склучување на договор со лиценциран снабдувач на електрична енергија (либерализиран пазар)
Обезбедување на гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на енергија
Операторот на пазарот на електрична енергија води регистар на издадени, пренесени и одземени гаранции за потекло на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија, кој се објавува на неговата веб страница.
Операторот на пазарот на електрична енергија издава гаранции за потекло врз основа на поднесено барање од произведителот на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Гаранции за потекло може да добие производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија којшто за електроцентралата не се стекнал со статус на повластен производител.
Текстот е напишан од м-р Драган Блажев