Постапка на инвестирање на фотонапонски системи до 40 kW според сегашните законски регулативи и дозволен инсталиран капацитет

Постапка на инвестирање на фотонапонски системи до 40 kW според сегашните законски регулативи и дозволен инсталиран капацитет

Текстот е напишан од м-р Драган Блажев

Просумер (потрошувач-производител на електрична енергија) е корисник којшто:

  • произведува електрична енергија од обновливи извори и ја користи за сопствени потреби
  • нема лиценца за производство на електрична енергија
  • вишокот од произведената електрична енергија ја предава во електродистрибутивна мрежа и ја продава на добавувач
  • инсталирана моќност до 6 kW за домаќинства и до 40 kW за мали потрошувачи, буџетски корисници и единечни јавни корисници

Процедура за приклучок на просумер на електродистрибутивна мрежа

  1. Известување до општината пред инсталација на фотонапонската електроцентрала на кров
  • Документ за регистрирана дејност од Централен регистар за правно лице / лична карта за физичко лице
  • Имотен лист и договор за закуп или писмена согласност од сопственици на објект (во случај да фотонапонската електроцентрала се инсталира на објектот кој не го поседува инвеститорот)
  • Проект за фотонапонската електроцентрала (архитектура, статика и електрика)
  • Согласност од мнозинство сопственици на станови (доколку фотонапонската електроцентрала се инсталира на кров од колективна станбена зграда)

2. Приклучок на фотонапонската електроцентрала на електродистрибутивна мрежа

Потребни документ за приклучок на мрежа:

  • Барање за приклуок (БСП-1 форма)
  • Доказ за сопственост на објектот каде се инсталира фотонапонската електроцентрала на кров од објект
  • Проект за фотонапонската електроцентрала (архитектура, статика и електрика), ревизија на проектот не е задолжителна
  • Одобрување од општина (само во случај ако фотонапонската електроцентрала се поставува на кров на објект со два или повеќе станови)

Потребни документи за пуштање во работа на фотонапонската електроцентрала:

  • Барање за пуштање во работа (БСН форма)
  • Потврда за правилна внатрешна инсталација на објектот
  • Информација од снабдувачот на електрична енергија (либерализиран пазар) / договор за снабдување (регулиран пазар)

Пуштање во работа на фотонапонска електроцентрала

  • Изјава од изведувачот на фотонапонската електроцентрала заверена на нотар и поднесена до Општината и Агенцијата за енергетика со која се потврдува дека:
  • фотонапонската електроцентрала е инсталирана согласно дадените информации
  • инсталираната моќност на фотонапонската електроцентрала е во согласност со законски дефинираните ограничувањафотонапонската електроцентрала е поврзана на електродистрибутивната мрежа
  • фотонапонската електроцентрала е спремна за пуштање во работа

За просумери, решението за електроенергетската согласност од ЕВН се издава во рок до 15 дена.

Трошоци за приклучок:

  • Административни трошоци – доколку вкупната моќност дадена со решението за електроенергетска согласност не ја надминува вкупната моќност на фотонапонската електроцентрала дефинирана во долната табела (Двонасочното броило се инсталира без надоместок и останува во сопственост на ЕВН).
  • Учество во реални трошоци за приклучок (во сите останати случаи)Реалните трошоци за приклучок на фотонапонска електроцентрала на електродистрибутивната мрежа се различни.  Најчесто, овие трошоци зависат од следните услови:
  • Конфигурација на постојната дистрибутивна мрежа
  • Конфигурација на идна мрежа базирана на распоредот на извори и потрошувачи
  • Напонски прилики и профил на оптоварување на мрежа
  • Учество во реални трошоци за приклучок (во сите останати случаи)
    Реалните трошоци за приклучок на фотонапонска електроцентрала на електродистрибутивната мрежа се различни.  Најчесто, овие трошоци зависат од следните услови:
    • Конфигурација на постојната дистрибутивна мрежа
    • Конфигурација на идна мрежа базирана на распоредот на извори и потрошувачи
    • Напонски прилики и профил на оптоварување на мрежа

Учесници во постапката:

  • Инвеститор (физичко или правно лице)
  • Лиценциран проектант и лиценциран изведувач на фотонапонската електроцентрала
  • Општина на чија територија се изведува инвестицијата во нова фотонапонска електроцентрала
  • ЕВН Електродистрибуција
  • Лиценциран снабдувач на отворен пазар или Универзален снабдувач на регулиран пазар

Текстот е напишан од м-р Драган Блажев

Солар Македонија

Види ги сите активности од Солар Македонија

Македонската Соларна Асоцијација

Поврзани написи