Паком Компани е водечки дистрибутер во С.Македонија, Косово и Албанија
Основана е во 1991 година а во 2006 година, компанијата Паком стана членка на групацијата М САН – водечки дистрибутер во Адриа регионот. М САН Група е основана во 1995 година. Во 1999 година, после 4 години постојан раст и развој, М Сан Група станува една од најголемите хрватски ИТ компании за што сведочат и успесите и резултатите до денешен ден.
Паком обезбедува дистрибуција на производи поделени во три сегменти: Потрошувачка електроника и ИТ; Enterprise портфолио од хардвер и софтвер; Vivax и E-мобилност сопствени брендови.
Паком Компани како членка на М САН Група се стреми кон континуиран развој и унапредување со цел да се обезбеди и одржи нашата лидерска позиција, притоа создавајќи неспоредливи предности на пазарот. Нашето високо ниво на професионалност и посветеност кон дистрибуцијата и нашата развиена логистичка ефикасност, ни обезбедуваат конкурентна позиција на компанијата на пазарот. Работењето и дистрибуцијата на компанијата Паком денес се протега и на земјите од регионот.
Нашиот регионален дистрибутерски модел гарантира стабилност, финансиска поддршка, оптимизација на трошоци за нашите добавувачи и партнери, благодарение на централизирани набавки, дистрибуција и регионални центри за достава.