ЕУРОТЕРМ Д.О.О. е компанија која повеќе од 30 години работи во индустријата за греење, ладење, вентилација и климатизација (HVAC). Дејноста е поделена на 3 сектори:
Производство
на високо-енергетски ефикасни бафер/бојлери за централно греење, и сончеви термални колектори.
Производите се продаваат под заштитениот македонски бренд „SOLARICO“ на западно европскиот и домашниот пазар.
Во тек е реализација на проектот „Развој на термопластичен композитен резервоар со голем отвор, за индустријата за греење, ладење, вентилација и климатизација“ подржан од Фондот за Иновации и Технолошки Развој. Целта на овој проект е крајниот производ, иновативниот резервоар, примарно да се употреби за производство на 900 литарски централен бафер/бојлер, производ со висока енергетска ефикасност (заштеда на енергија до 60%) и следствено на тоа – висок пазарен потенцијал, со што Еуротерм Д.О.О. сериозно ја зголемува палетата на еколошки производи, кои придонесуваат во заштитата на животната средина.
Трговија
со опрема за греење, ладење, вентилација и климатизација.
ЕУРОТЕРМ Д.О.О. има 3 продажни места, во Прилеп, Битола и Скопје. Овластен генерален претставник е за повеќе глобални брендови: DAB, AERMEC, BLOWTHERM, ELBI, SOREL, FAF, FRABO, CASALS, ITAP, RADIJATOR, INTERPLAST и други, со што осигурува врвен квалитет, голема заштеда на енергија, силна техничка подршка и комфорт за своите купувачи.
Проектирање и изведба
на системи за греење, ладење, вентилација и климатизација.
ЕУРОТЕРМ Д.О.О. има сопствени лиценцирани инсталатери и инженери проектанти, проектира и реализира комплексни решенија за потребите на индустријата и градежништвото, а кои се базираат на висока енергетска ефикасност, голема заштеда на енергија, брз поврат на почетната инвестиција и заштита на животната средина.