Одржливи материјали во градежниот сектор
Автори: Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска, Проф. д-р Илија Насов
Целиот текст можете да го прочитате во прикачениот документ.
Вовед
Многу региони низ светот се обврзаа за концептот на јаглеродна неутралност до 2050 година. За да се постигне овој амбициозен план, Владите на многу земји, инвеститорите, сопствениците на домови/згради итн., треба да направат паметни и издржани одлуки при дизајнирање/проектирање на новите градби или реновирање на тековните градби бидејќи градежниот сектор завзема дури 40% од вкупните емисии на стакленички гасови. Во оваа насока, нулто-енергетските згради не само што нема да превземаат (трошат) енергија од мрежата, туку обезбедуваат производство на сопствена енергија, користат енергија од обновливи извори на енергија, овозможуваат удобни внатрешни услови/клима за секојдневните животни потреби и помагаат за подобра одржлива средина и иднина за идните генерации.
Најчесто за постигнување на вакви концепти во градбите, е потребна високо ниво на енергетска ефикаснот преку употреба на пасивни бариери во зидовите, подовите, крововите со што се оптимизира термичкиот баланс на зградата. Овие згради треба да ги искористат принципите на зачувување на енергијата и искористување на обновливите извори на енергија за своите потреби, со што ваквата пракса е мулти-бенефитна: се намалуваат СО2 емисии за загревање на домовите/зградите, како и комерцијалните згради, креирање на здрави и комфорни згради кои би допринеле во намалување на трошоците за здравстевна нега, како и подобрување на квалитетот на животот, со користење на одржливи и пасивни систему се оозможува да градбениот сектор е поотпорен на надворешни случувања и идни предизвици, искористувањето на обновливите извори на енергија е во насока и на енергетската ефикасност на градбите.
Концептот на постигнување на јаглеродно/енергетска неутралност како една од целите според Парискиот договор треба да е приоритетен во секоја земја. Во 2019 год. имало околу 57 000 нулто-енергетски градби и се смета дека од тогаш наваму овој број треба да се покачи експоненцијално. Имено, во Европа се очекува овој број на вакви градби да е најголем, на пример, дури 223 000 градби /годишно да се изградат до 2028 год.[1]
Важна компонента за изградба на градбите со нулта енергетска захтевност се и самите материјали за изградба. Во оваа насока, користењето на одржливи материјали е битна од повеќе аспкети. Еколошката одржливост стана круцијална во градбениот сектор, така да светот се разбуди и тргна во потрага по еколошки решенија; архитектите, градежните инженери, научниците за материјали, итн, побараа опции за одржливи материјали кои би можеле да се вградат во зградите со нулта емисија. Вградувањето на материјали како што се природните материјали како што се на пример, бамбус, потоа зелени кровови, соларни панели, итн., се редуцира и импактот кон околината, а се овозможува и енергетско-ефикасни структури. Еколошките решенија се всушност иднината во градежниот сектор.
Концептот на згради со нулта емисија ја минимизира потребата од енергија потребна за конструкцијата, но и користи обновливи извори на енергија. Тоа нуди многубројни бенефити од типот на намалување на потрошувачката за енергенси, редукција на импактот врз околината, подобри здравствени бенефити и комфорт. За да се постигне тоа, архитектите ги вклопуваат енергетско-ефикасните технологии во своите проекти/дизајни, соларните уреди (колектори и панели), ефикасни HVAC системи, напредни материјали за изолација. Но, самата употреба на одржливи материјали, исто така, игра голема улога и истите треба да заврземаат поголем удел во идните градби.
__________________________
Целиот текст можете да го прочитате во прикачениот документ.
Автор: проф.д-р. Илија Насов
Автор: Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска