ГОДИШЕН СОЛАРЕН САЕМ МАКСОЛ ЕКСПО

Тимот на Македонската Соларна Асоцијација го најавува третиот по ред Годишен „СОЛАРЕН САЕМ-МАКСОЛ ЕКСПО”од отворен тип, во периодот од 31.05-02.06.2024 во Скопје Сити Мол со над 90 % резервирани локации за излагачи !

👉 За време на соларниот саем “МАКСОЛ ЕКСПО” нашите компании-членки ќе ги изложуваат сите своите најнови производи со цел домаќинствата, инвеститорите, проектантите и монтажерите да ги увидат најновите трендови на едно место. Дополнително во рамките на самиот проект е подготвена и B2B платформа каде ќе може да закажете состаноци со самите излагачи. Следете не со претставување на секој излагач и сите информации за кои се производи/услуги ги нудат.

➡️ Типови на излагачи:Производители, трговци, монтажери, комерцијали банки. Соларниот саем МАКСОЛ ЕКСПО е активност предвидена во рамките на проектот на Македонската соларна асоцијација „Подобрување на вештините за сончева енергија“. Истиот се спроведува со грантова поддршка на USAID North Macedonia проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Strategic Development Consulting. Ги поздравуваме и нашите спонзори Battery Evolution Solarico Ventil Trade Internacional @Металтерм TEHNO AUTO greenje i klimatizacija na domashni i delovni objekti ELCON кои воедно се и дел од нашите излагачи.

Солар Македонија

Види ги сите активности од Солар Македонија

Македонската Соларна Асоцијација

Поврзани написи