Започна Обуката за монтажери на комбинирани сончеви системи

Започна Обуката за монтажери на комбинирани сончеви системи

По успешно завршени 4 обуки и над 100 кандидати, Македонската Соларна Асоцијација започна со реализација на петтата Обука за монтажери на комбинирани соларни системи. Тренингот ќе опфати теоретски и практичен дел за фотоволтаични, термални и фото/термални соларни системи. Обуката ќе се одвива во Скопје и во Штип.

Станува збор за верифицирана обука од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование, на која учесниците после завршувањето на теоретскиот и практичниот дел ќе имаат можност да полагаат испит и да се стекнат со валиден сертификат за монтажер на комбинирани соларни системи.

Досега се одржа инфо сесија, теоретски дел за фотоволтаични системи, дел од теоретскиот дел за термални системи, а се одржаа и гостински предавања од експерти на конкретни теми како громобранска заштита, подготовки пред монтажа и инсталирање на системи и компоненти на сончеви системи. Во наредниот период ќе се завршат теоретските предавања, по што ќе следува практичниот дел од предавањата, а ќе бидат вклучени и уште неколку гостински предавања.

Поради задржување на квалитетот на обуката, бројот на учесници беше ограничен на 15, кој веднаш беше исполнет. Драго ни е што гледаме огромен интерес за едукација и доедукација на монтажерите.

Обуката за монтажери на комбинирани сончеви системи е активност предвидена во рамките на проектот на Македонската соларна асоцијација „Подигање на европските стандарди кај ММСП кои работат со соларна технологија“. Истиот се спроведува со грантова поддршка на УСАИД проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.

Солар Македонија

Види ги сите активности од Солар Македонија

Македонската Соларна Асоцијација

Поврзани написи