Поставен фотоволтаичен систем од 6kW на тераписката заедница Покров во Баница

Поставен фотоволтаичен систем од 6kW на тераписката заедница Покров во Баница

Македонската Соларна Асоцијација во соработка со партнерот Избор во рамките на проектот “Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени” успешно ја реализираше активноста за пуштање во употреба на 6kW фотоволтаичен систем. на тераписката заедница Покров во Баница.

Инсталацијата за системот е во согласност со планот и програмата на Избор и целите на самиот проект во следење на енергетската транзиција и намалување на климатските промени.

Настанот е организиран во рамките на проектот “Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени” спроведуван од Солар Македонија, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Избор Струмица поддржан од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска

Солар Македонија

Види ги сите активности од Солар Македонија

Македонската Соларна Асоцијација

Поврзани написи