Шарк Системс Струмица е основана во 2017 година од страна на Иле Бонев од Струмица, дипломиран инженер по информатика првично како фирма која ќе работи со компјутерско програмирање. Во текот на изминатите години, фирмата има работено во разни области и тоа: проекти од областа на smart home living, односно нивна продажба, инсталирање и монтажа во домови и ресторанти, продажба и инсталации на мрежна опрема, продажба и поставување на камери и алармни системи, продажба, монтажа и инсталации на контроли на пристап во домови, фирми и ресторанти, како и продажба, инсталации и одржување на фотоволтаични централи и нивно следење преку веб и мобилни апликации.
Во изминатите 2 години интензивно се занимава и со продажба, монтажа и одржување на фотоволтаични централи. Има реализирано многубројни проекти за големи мегаватни фотоволтаични централи кои успешно работат до ден денес.