Фирмата ТЕХНО АУТО е формирана во Ноември 1990 година во Скопје. Повеќе од 27 години неуморно работи во областа на греење и климатизација, имајќи богата референца и илјадници задоволни купувачи.

Основна дејност на фирмата е продажба, проектирање и изведување на сите видови системи од областа на климатизација, греење, ладење и вентилација.

ТЕХНО АУТО чекори со времето, ги прати светските трендови и иновации во полето на термотехничките инсталации како и обновливите извори на енергија и секогаш се труди на своите купувачи да им понуди најдобри производи од европски и светски реномирани производители.
Наш приоритет и мото е : ЦЕЛОСНО ЗАДОВОЛСТВО НА НАШИТЕ КУПУВАЧИ, СЕКОГАШ.
Во септември 2016 ТЕХНО АУТО доби сертификат iso-9001-2008 за управување со квалитет кој гарантира подобар квалитет на услугите што ги нуди кон своите клиенти.

Тимот на ТЕХНО АУТО е постојано спремен да Ви излезе во пресрет, да ги сослуша Вашите потреби од областа на греење, климатизација и вентилација и да Ви понуди најдобро можно решение.
Целата палета на производи со кои располага ТЕХНО АУТО поседуваат сертификати за квалитет од најпрестижните европски и светски институти за испитување и потврдување на квалитетот и исправноста на производите.

Сите производи од нашиот продажен програм се со врвен квалитет и поседуваат сертификати од реномирани  Европски и Светски Институти за потврда на квалитетот и перформансите. Целокупната наша продажна палета ќе ги задоволат и најпрефинетите вкусови.

Ви нудиме се од опрема за греење на Вашиот дом или деловен објект. Генерални увозници сме за многу водечки брендови од областа на греење и климатизација.

Документи

Галерија

Дополнителни информации

  • MK4030990248916
    Даночен број
  • 4181018
    Матичен број

Локација