20 години пример за одговорност
20 години одговорноста ни е на прво место.

Знаеме дека тоа што го правиме денес го обликува светот утре и затоа влијанието на секоја наша одлука и на секоја наша акција го проценуваме внимателно.

Нашите инвестиции се водени од заложбата да го поддржиме само тоа во што целосно веруваме – подобра иднина на нашата земја и на тие што ја нарекуваат свој дом.

Поддршката на малите и средни претпријатија е во срцевината на нашата мисија – 90% од кредитното портфолио на банката е инвестиција токму во овие претпријатија, кои ја  движат економијата напред. Со тоа се создаваат можности за сите и така придонесуваме за доброто на заедницата во целост.

Во центарот на нашето одговорно банкарство е верувањето дека луѓето се поважни од профитот, како во релациите со клиентите, така и во односите со нашите вработени. Промовираме штедење пред конзумеризам, едуцирајќи ги клиентите да донесуваат здрави и долгорочни финансиски одлуки. И веруваме во еднакви можности за сите – преку нашата онбординг програма ја отвораме вратата за младите кадри, во кои инвестираме повеќе од 22.000 часови годишно во обука. Тие денес претставуваат 45% од вкупниот број вработени.

Како одговорна финансиска институција не го изложуваме на ризик тоа што им припаѓа на сите, природата, животната средина, планетата. Сите наши одлуки и инвестиции, почнувајќи од нашите интерни активности, се во насока на намалување на штетните влијанија и на зачувување на планетата за идните генерации.

Имаме дефинирана листа на активности кои негативно се одразуваат на животната средина и општественото опкружување и кои не ги поддржуваме преку кредитирање.

Горди сме на нашиот возен парк, кој 70% е електричен и со кој се движиме со нула емисија на CO2. Финансиравме 150 фотоволтаични централи што на одржлив начин произведуваат електрична енергија, која задоволува просечна годишна потрошувачка на 9.420 домаќинства.

Нашата посветеност кон одговорно банкарство е тоа што 20 години нè одвојува од другите – ние сме банка за која луѓето, претпријатијата и животната средина се секогаш во центарот на сè што правиме.

 

Документи

Галерија

Дополнителни информации