ЕЛКОН од 2017 година е застапен на македонскиот пазар и се занимава со изведба на објекти од втора категорија.Започнавме со идејата за постигнување на безбедност и олеснет начин на живот и работа.
Нашата цел е да ви понудиме сигурност и квалитет, со помош на висококвалитетните производи од познати светски марки кои секојдневно се употребуваат во нашата работа, производи кои ќе продолжиме да ги користиме и понатаму поради големиот број на успешно извршени задачи.
Ние чекориме напред заедно со технологијата, ги следиме сите напредоци кои се постигнуваат во усовршувањето на производите кои се неопходни за областите во кои работиме.