Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје започнува со работа во 2014 година со скромна палета од дејности, вклучително и организирано сопствено производство на опрема за громобранска заштита.

Агресивниот комерцијален настап и извонредниот квалитет на производите и услугите кои фирмата ги понуди овозможија Дарис инженеринг ДООЕЛ за кратко време да стане реномирана компанија препознатлива на пазарот во Македонија и пошироко.

Гаранција за квалитетот на сопственото производство, производите и услугите се образованиот кадар со бројни квалификации, континуираните обуки и богатото работно искуство на персоналот на компанијата и стручните соработници.

Компанијата е етаблирана со препознатлив квалитет во областа на проектирање, дистрибуција, производство, монтажа на опрема и изведба на комплетни системи од следните области:

  • сопствено производство на модуларни громобрански фаќачи со уред за рано стартување (ГФУРС) тип ВЕДА ТОТАЛ;
  • сопствено производство на бројачи на удари на молња, далечински соларни тестери за громобрани и придружна громобранска опрема;
  • изведба и контрола на системи за громобранска заштита;
  • стручна техничка помош за демонтажа на радиоактивни громобрани (РАГ);
  • заземјувачки системи;
  • компензација на реактивна енергија;
  • антикорозивна катодна заштита – изведба, сервис и контрола;
  • фотоволтаични системи за електрично напојување (островски и вмрежени);
  • системи за автоматско управување;
  • електрично осветление;
  • осветление со дневни светилки без електрично напојување;
  • контактно и бесконтактно мерење температури во индустријата;
  • системи за детекција на гасови;
  • изведба на електрични инсталации во експлозивна (Ех) изведба;
  • „паметни“ електрични системи и инсталации;
  • специјални електрични системи на барање на клиентите;
  • мерни инструменти за електрични и неелектрични големини;
  • овесна и спојна опрема (вкрсни спојки, шелни, држачи и слично);
  • изработка на проекти, студии и стручни извештаи.

Дарис инженеринг ДООЕЛ со гордост може да се пофали со реномето на огромно кумулативно искуство на својот персонал и стручните соработници со произведени, проектирани, инсталирани и контролирани системи за громобранска заштита, радиоактивни громобрани и громобрански фаќачи со уред за рано стартување кај околу 500 громобрански системи во Република Македонија.

Целокупното производство и понудените услуги на компанијата се унифицирани со процедури сертифицирани согласно стандардот ISO 9001:2008.

За сите понудени производи и услуги компанијата Дарис инженеринг ДООЕЛ на своите клиенти и соработници им нуди беспрекорна постпродажна стручна техничка поддршка, наменски обуки и сервис.

Мисија на компанијата е постојано проширување на асортиманот на сопствени производи и услуги, при што тоа задолжително да се работи најпрофесионално и навремено. На клиентите да им се нудат и испорачуваат производи и услуги со врвен квалитет и високоефикасни системски решенија со најнова технологија и автентичен know-how.

Целокупното работење на компанијата се извршува флексибилно и прилагодено согласно најпребирливите барања на клиентите.

Дарис инженеринг ДООЕЛ продолжува со вложувања во развој на нови технологии и иновативни решенија со постојан стремеж за зголемена застаеност на домашниот пазар и пробив на странските пазари.

Документи

Галерија

Дополнителни информации

  • 6765815
    Матичен број

Локација

Активноста е верификувана
Отворено

Работно време

  • Понеделник 08:00 - 16:00
  • Вторник 08:00 - 16:00
  • Среда 08:00 - 16:00
  • Четврток 08:00 - 16:00
  • Петок 08:00 - 16:00
  • СаботаЗатворено
  • НеделаЗатворено

Објавено од Солар Македонија

Македонската Соларна Асоцијација