Адриатику Груп е компанија која е основана во 2013 година со основна дејност на работа во полето на авто деловите – половни и нови. Следејќи го развојот на сончевиот сектор и енергетската транзиција, во јануари 2024 година компанијата ја проширува својата област на работа и започнала да работи и во делот на енергетиката. Адриатику Груп станува компанија која врши и дистрибуција на трафостаници за сончеви централи. Станува збор за високо квалитетни трафостаници од компанијата Армтек Електрик – Анкара, кои се клучен елемент за интеграција на сончевата енергија во електричната мрежа. Ова проширување не само што ја зајакнува позицијата на компанијата на пазарот, туку и придонесува кон глобалните стремежи за зачувување на животната средина и промоција на чиста енергија.

Документи

Галерија

Дополнителни информации

Локација