Политика за приватност

Солар Македонија посветува големо внимание на заштитата на Вашите лични податоци во  сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите воспоставени со прописите за  заштита на личните податоци во Република Северна Македонија. Оваа политика на  приватност се однесува на начинот на кој Солар Македонија врши обработка на личните податоци.  Солар Македонија ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб-страницата  platform.solar.org.mk и се грижи за заштита на личните податоци. 

Информации кои ги собирa при посета на веб-страницата за професионален развој:  

  • Информации со кои Вие се идентификувате при користење на услугите на Солар Македонија,  односно податоци кои Вие самите ни ги доставувате и сте согласни да ги  обработуваме, на пример, при објава на вашата компанија, портфолио, креирање на профил, објава на огласи, итн.
  • Информации кои не се лични. Податоци за содржината која ја гледате и со која  ракувате и кои се однесуваат на софтверот за интернет-пребарувачот, кои содржини  ги кликате, кои производи и услуги ги посетувате, типот на компјутер, како и технички  информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата,  како што се Оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и сл.  
  • Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за  Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP  адреса, домен, уред или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на  хардверот.  

Како Солар Македонија ги користи собраните податоци  

Солар Македонија може да ги користи информациите кои ги собира заради повеќе причини, и тоа:  

  • Да Ви ја обезбеди бараната услуга, при што Ве идентификува;  
  • Да обезбеди грижа за корисниците;  
  • Да Ве праша за мислење во врска со услугите и за спроведување анкети во врска со услугите;  
  • Да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со услугите;  
  • Помош при рекламација или проблем при користењето на услугите. 

Дополнително собраните податоци се користат за:  

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашиот веб-сајт, производи, услуги;  
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови услуги, препораки, реклами и други  комуникации;  
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на услугите. 

Откривање на податоците 

Солар Македонија го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи  кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита  на нашите интереси и интересите на нашите корисници. Пристапот до Вашите лични  податоци во Солар Македонија е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална  потреба да дојдат во контакт со тие податоци, со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните  услуги. Солар Македонија ги презема сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, кои се во согласност со  постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме од неовластен пристап,  неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба. Вашите личните податоци  ќе бидат чувани не подолго отколку што е потребно за да се исполнат целите поради кои се  собрани податоците, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем. 

Пристап до вашите информации и вашите права  

Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува Солар Македонија,  за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете се  на platform@solar.org.mk.  

Доколку сакате да направите измена, дополнување, бришење или ажурирање на сите неточни  лични податоци, исто така може да се обратите на platform@solar.org.mk.

Ако сметате дека при обработката не сме постапиле во согласност со Вашите законски права  или применетите закони за приватност, може да се обратите до platform@solar.org.mk или до Офицерите за заштита на личните податоци во Солар Македонија.  

„Cookies“ и „web bugs“  

Солар Македонија користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање  на информации во врска со користењето на нашиот веб-сајт и e-mail комуникации, познати  како „cookies“ (колачиња) и „web bugs“. На пример, овие технологии ни откриваат кои  корисници кликнале на важни елементи (како линкови или графика) од веб-сајтот или e-mail пораките на системот и да го препознаат пребарувачот следниот пат кога ќе го посетите  нашиот веб-сајт. Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри  корисничкото искуство и функционалноста на порталот.  

Прифаќање на условите  

Со користењето на оваа вебстраница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите  во Политиката за приватност. Ако не се согласувате со истата, ве молиме не ја користете  нашата вебстраница. 

Контакт личности 

  • Офицер за заштита на лични податоци: Стефан Трајков 
  • е-адреса: trajkov-stefan@live.com, 078 317 902