Тинг Инокс повеќе од 30 години работи во индустријата за производство на процесна опрема, бојлери, бафери и системи за заштеда на енергија. ТИНГ ИНОКС нуди широк спектар на иновативни и високоефикасни производи за заштеда на енергија, за производство на топла вода.
Сите производи кои се произведуваат се изработени од висококвалитетен нерѓосувачки челик кој е од суштинско значење на отпорност и издржливост.
Производите се поделени на неколку сектори:
Сектор 1: Сериско производство на бојлери за домашна употреба
Оваа група опфаќа производи за домашна употреба – бојлери за топла вода со волумен од 10 до 120литри. Казанот е изработен од нерѓосувачки челик INOX AISI 304 со гаранција од 20 години. Изолацијата е високоефикасна полиуретанска пена. Меѓу производите имаме палета од варијации од електрични бојлери и комбинирани електрични со еден или два изменувачи на топлина.
Сектор 2: Бојлери за соларни системи
Соларни системи за производство на свежа топла вода на посакувана температура. Оваа група на производи опфаќа капацитети од 150 до 500 литри.
Сектор 3: Бафер танкови со системи за топлотни пумпи
Ова група на производи служи за складирање на топлинската енергија. Изработени се од висококвалитетен нерѓосувачки челик кој е од суштинско значење на отпорност и издржливост.
Сектор 4: Системски решенија за оптимизација и заштита од прегревање
Иновативна станица која гарантира беспрекорна работа и на индивидуалните соларни системи и на соларните полиња. Неговиот уникатен дизајн ја штити опремата од прегревање со одземање на вишокот топлина. Работата на системот е целосно автоматизирана преку PLC. Приказ во реално време се обезбедува преку допир екран или компјутер.
Сектор 5: Системи за свежа топла вода
Соларен систем на следните генерации, погоден за производство на свежа топла вода на посакувана температура, која обезбедува високи перформанси и долг животен век.
Сектор 6: Air Top систем ALL IN ONE за свежа топла вода со вградена топлотна пумпа
Повеќенаменски систем „Сè-во-едно“ кој може да се користи во широк опсег на апликации, како што се домашните системи за топла вода, греење на простор и базени.
Неговиот ергономски дизајн обезбедува значителна заштеда на простор во машинските простории.
Сектор 7: Процесна опрема
Овој сектор опфаќа производство на процесна опрема од нерѓосувачки челик (поединечно производство по нарачка) за прехрамбената индустрија, конзервна, млекарска, кондиторска, винарство, автомобилска, фармација, хемиска, нестандардна опрема…
Компанијата нуди широк опсег на решенија за минимум потрошувачка и максимален комфорт. Постојано се приспособува и одржува динамичен развој со цел создавање на производи за подобар живот.

Документи

Галерија

Дополнителни информации

Локација