Од основањето во 2009 година, АРЕСЕ Солушнс нуди: Алтернативни Регенеративни Ефикасни Соларни Енергетски Решенија. Специјализирани сме за дизајн, имплементација и одржување на решенија засновани на користење на обновливите извори на енергија.

Посветуваме големо внимание на истражување и развој преку континуирано едуцирање и усовршување следејќи ги современите текови и трендови во областа на искористување на потенцијалот на обновливите извори на енергија.

Нудиме производи од реномирани светски производители на опрема, со висок квалитет, конкурентни цени во комбинација со врвна и професионална услуга.

Имаме воспоставени партнерски и деловни односи со голем број на реномирани добавувачи на опрема од ЕУ (Австрија, Германија, Италија, Холандија, Франција, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Шпанија, Полска, Литванија), Турција, САД, Азија (Кина, Јужна Кореа, Тајван).

Воедно соработуваме со голем број домашни компании во реализација на проекти каде се јавуваме како носители на проекти или подизведувачи.

Вршиме анализа на барањата, даваме консултантски услуги, изработуваме предлог решенија и студии за исплатливост, дизајнираме конечни решенија, имплементираме избрани решенија, нудиме услуги за одржување и вршиме корекции и сервисирање на нефункционални решенија од други изведувачи.

Нашиот професионален однос, врвна услуга, висок квалитет, конкурентни цени и севкупна вредност се причина повеќе за лојалноста на нашите клиенти.

Повелете, контактирајте нѐ, со задоволство ке Ве услужиме!

Име на кое можете да му варувате!

Документи

Галерија

Дополнителни информации

  • MK4058009502982
    Даночен број
  • 6535046
    Матичен број