Veselinka Gerasimova Petrovska, President of the Association for the Promotion of Sustainable Building and Green Practices GREEN BUILDING COUNCIL. Скопје

Veselinka Gerasimova Petrovska, President of the Association for the Promotion of Sustainable Building and Green Practices  GREEN BUILDING COUNCIL. Skopje

Здружението за граѓани за промоција на одржливо градење и зелени практики

СОВЕТ ЗА ЗЕЛЕНА ГРАДБА Скопје

 

Во мај оваа година се одржа првиот информативниот настан кој имаше за цел да ги идентификува сите заинтересаирани страни за основање на Совет за зелена градба на Република Северна Македонија, како дел од мрежата на национални Совети за зелена градба во регионот на Западен Балкан. Оваа активност е дел од проектот EECR како дел од програмата RECONOMY -инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со ЦеПроСАРД и други од Источното партнерство и земјите од Западен Балкан. На настанот кој се одржа во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери имаше повеќе од 70 присутни од градежната индустрија, компании кои инвестираат во градежниот сектор, градежни компании, компании за градежни материјали и енергетско ефикасна опрема за ладење и греење, проектни студија, агенции за недвижности, образовни институции, невладини организации, и поединци подготвени да воведат промени на пазарот кон практиките за зелено градење.

Како резултат на иницијативата и настанот следеше процесот на оформување на Здружението совет за зелена градба, Скопје, како непартиско, невладино и непрофитно здружение, поради остварување на цели во областите на градежништвото, обединети под поимот зелена градба и одржливост, подигање на свеста за потребите да се усвојуваат и преземаат мерки во согласност со стандардите за зачувување на природните ресурси и намалување на штетните влијанија врз животната средина.

Градежниот сектор особено станбената градба во Западен Балкан учествува со висок процент од 30% до 60% од севкупната национална потрошувачка на енергија, во споредба со приближно 40% во ЕУ. Токму затоа градежниот сектор може да одигра значајна улога во намалувањето на потрошувачката на енергија и значително намалување на трошоците за енергија, вода и климатизација, како и подобрување на животната средина.

Овие фактори ја поттикнаа популарноста на зелената архитектура, зелените вештини, и зелените градби и градежништво. Токму во овој сегмет постоењето и делувањето на Советите за зелена градба играат клучна улога во промовирањето на оддржливи градежни практики и можат значително да влијаат во градежниот секторот при реализацијата на нови градби како и реконструкција на постоечи градби. Целите на здружението се :

ü Поттикнување на промени во планирањето и проектирањето на градби и обнова на постоечки градби и објекти, како и начинот на нивното користење и управување со истите;

ü Промоција и воспоставување на концепти за ефикасно користење на природните ресурси, заштита на животната средина, влијание на климатските промени, удобноста на корисниците на објектите, општествено-социјални одговорности и економска исплатливост;

ü Водење на грижа за складноста на интересите на сите инволвирани физички и правни лица (корисници, сопственици, учесници во настанувањето на објектите, нивното одржување и управување);

ü Здружението промовира зелена градба и технологија, ги шири стекнатите знаења и искуства за трансформација на пазарот за градежништво и недвижности во насока на одржливост.

Важноста за основање на здружението Совет за зелена градба, Скопје”-„GBC-Skopje“ ја препознаа основачите Кнауф ДООЕЛ Скопје, ГИ Македонија АД Скопје,ФИЛБИС ДООЕЛ Скопје,ФМС ДООЕЛ Скопје, ХАБИТАТ-МАКЕДОНИЈА Скопје и СТЕНТОН ГРАДБА ДООЕЛ Битола. Иницијативата за

формирање на Советот за зелена градба на Северна Македонија е поддржана од Комората на овластени архитекти и овластени инженери како клучен сегмент од концептот на зелена градба . Оваа институција е професионална организација на архитекти и сите инженери кои со нивниот технички капацитет можат да го водат и промовираат концептотзелена градба” . КОАИ со своите професионални и просторни ресурси ќе го подржи делувањето на Совет за зелена градба, Скопје”-„GBC-Skopje .

 

Здружението е отворено за сите инволвирани во градежниот сектор, час поскоро потребни ни се сите чинители во градежната индустрија, градежни компании, проектни фирми, агенции за недвижности, академски кругови, невладини организации, поединци и владини тела на едно место, подготвени да воведат промени на пазарот кон практиките за зелено градење

Делувањето на Совет за зелена градба, Скопје”-„GBC-Skopje е само почеток на патувањето преку промени кон позелена и попросперитетна иднина. Да се обидеме да градиме на подобар начин за поубава, одржлива и инклузивна животна средина!