Вие сте во: Дома / Вести / Проектот Excite: Европската награда за енергија во Централна и Источна Европа:

Проектот Excite: Европската награда за енергија во Централна и Источна Европа:

Македонската Соларна Асоцијација зеде учество по повод 10 години Живеалиште, Македонија преку презентација на европските проекти што ги спроведе асоцијацијата како и презентација на дел од производните капацитети на нашите членки.
Интересен и богат прв ден на состанокот за напредокот на проектот Проектот Excite: Европската награда за енергија во Централна и Источна Европа:
➡️Зборувавме за напредокот на проектот кој има за цел да ја стимулира имплементацијата на локални енергетски и климатски планови, да привлече приватни инвеститори, да го промовира јавното претприемништво и успешно да ги балансира јавните ресурси во 15 пилот општини во Бугарија, Македонија, Романија, Словачка и Украина.
➡️Го видовме растот на портфолиото на Хабитат Македонија во изминатите 10 години во областа на енергетска ефикасност во домувањето, кое вклучува повеќе проекти во речиси сите општини во земјава, анализи, алатки, бази на податоци, веб страници, прирачници, публикации, реновирање на над 60 станбени згради со над 1900 станови, посебни модели за финансирање, активности за организирање и вклучување на станарите.
➡️Се запознавме со алатките создадени во рамки на Replace проектот со кои едноставно и брзо се пресметува енергетската ефикасност и кои можат да им помогнат на општините, но и на индивидуалните домаќинства: калкулатор, матрица за греење, алатка за пресметка на заштеди во енергија и средства.
➡️Од Македонската асоцијација за соларна енергија Соларна македонија се запознавме со производството на соларни панели и соларни уреди од Eco Solar, Camel Solar, како иновативни решенија за заштеда на енергија и намалување на влијанието врз животната средина во повеќе индустрии.
➡️Зборувавме за важноста од вклучувањето на граѓаните во овие процеси, предизвиците и начините за пошироко вклучување.
➡️Претставниците од Општина Карпош, пак, ги претставија активностите и проектите кои општината ги спроведува за унапредување на енергетската ефикасност во јавните објекти, но и во колективните станбени згради.
➡️Посетивме и неколку објекти на терен во општина Карпош, а го користиме убавото време и за прошетка низ Скопје.
Голема благодарност за сите учесници.
See Translation
Прегледи: 13

Споделувањето е грижа!